Friday, September 5, 2008

Машина за преименување - дискусија

Феноменот на преименување е несомнено проблем што иницираше огромен корпус на дискусии во контекст на спорот околу името меѓу Македонија и Грција. Воопшто, процесите и схемите на преименување силно влиаеја врз конструкцијата и дестабилизацијата на меморијата поврзана со националните, културните и личните идентитети, a особено во текот на последниве две декади на просторите на бивша Југославија и Југоисточна Европа.

Ономастиката, семиотиката, аналитичката философија и културологијата се само дел од дисциплините кои се впрегнати во анализата на оваа проблематика, во арбитрарноста и контингентноста на феноменот на (пре)именувањето, како и во интерпретацијата на репрезентациите и идентитарните политики поврзани со истиот.

Промената на имињата во историската пракса вообичаено се перципира како прв чекор кон апропријација или бришење на извесен национален, културен или личен идентитет, но и како стратегија за освојување или зачувување на одредени територии.

Како контрапункт на овие, длабоко вкоренети, политички и културни пракси на (пре)именувањето го имаме кибер просторот како нов медиум за комуникација, или како експериментален топос кој ја отвора играта со идентитетот и преименувањето.

Дали релацијата меѓу името и идентитетот во социјалниот, политичкиот и културниот простор е толку стабилна колку што вообичаено се претставува?

И од друга страна,

Дали оваа релација во кибер просторот е навистина толку отворена и ослободена од секојдневните културни и политички нормативи колку што се претпоставува?

Кои се импликациите и можностите од преиспитување на овие две навидум автономни, одделни и различни позиции?

5 comments:

Renamed said...

о развојот на интернетот и креирањето на виртулениот простор, се создаде можност од нови именувања. Е, овде самите правиме избор кое име ќе го употребуваме за наша идентификација во тој простор. Иако виртуелното име нема статус на официјално лично име, и тоа како е лично. Пред се - самите сме го избрале. Како и реалното, исто така и виртуелното име содржи податоци за нас. Тоа можеби не ги одразува нашиот пол или потекло, но ги одразува нашите интереси, начин на размислување и афинитети. Софистициран идентитет....
http://oksimoron.blog.com.mk/node/183313

Renamed said...

Доста од моите познаници (а се мажи) често пати играат со женски ликови кога станува збор за MMORPG (Massive Multiplayer Online Role Playing Game) и обратно, жени со машки ликови. Што е интересно, бидејќи станува збор за буквално милиони луѓе кои градат виртуелен свет, со виртуелен живот, фамилија, компанија, итн. Како за пример EVE Online. Игра во која постојат виртуелни корпорации, кои служат како медијатор помеѓу играчите и производителите....
http://amillionworlds.blog.com.mk/node/183497

Renamed said...

На изминатат Glocal 2.0 конференција одржана во Скопје, ги прашав присутните пред мојата презентација: Како знаете дека мојот блог е валиден? Дека ја говори вистината? Дека не ја извитоперува и не создавам некоја своја селективна археологија? Така се наметна прашањето: Колку може еден ник нејм или псевдоним да биде авторитет во однос на науката? И колку би имал кредеибилитет наспроти вистинското име на авторот?...
http://arheo.com.mk/2008/09/27/renaming-machine-open-debate

Renamed said...

Занимавајки се подолго со психотерапија, а потоа со јога и источна филозофија и религија, имав среќа, да подоткријам некои механизми, начини на функционирање, на човечкиот ум.
За да се разговара на тема име, идентитет, идентификација, независно дали се работи на лично, национално, расно или универзално ниво, пред се’ е потребно спознание кое произлегува од длабоко лично искусто кое се поклопува со длабоките лични искуства на оние кои спознале - духовните учители.
Знам дека она што погоре го напишав звучи како излет од контекстот, но тој излет е намерен, бидејки, барем досега, немам налетано на некој којшто малку подлабоко, освен на ниво на ум, ги согледува работите.
Сите пишувања околу идентитети, имиња, знамиња, обележја се на научно ниво, а како науки кои го покриваат теренов се наведуваат семантика, семиотика, логика, психологија, политикологија, историја, филозофија, религија и не знам уште кои не.
А всушност се работи за М&M&M.
На сајбер спејсов секој, пред се’, пишува за да биде прочитан. Его умот е компетитивец, па секогаш кога нешто пишува, сака тоа негово писание да биде најчитано и затоа избира теми (топици) кои се актуелни, конфликтни, различни и тн., поточно - кои привлекуваат внимание.
Моментално најактуелна тема со која медиумите го трујат его умот на македонецот е името, идентитетот, кој во себеси ги содржи - националното, културното, историското и тн. наследство.
Па затоа и Фемчево си го одбра тоа како топ тема за пишување. Се разбира, тоа е ОК, блогов е нејзин и ко шо велам јас БЛОГ ТИ Е, ДВОР ТИ Е, имаш право да прајш шо сакаш.
Но штосот е во тоа ДАЛИ ЗНАЕШ ШТО САКАШ?
Дали во позадина на одбранава тема околу името и идентитетот стои потребата:
- да се биде читан/а
- да се покаже своето познание во науките кои се занимаваат со јазикот (семантика, семиотика и тн.)
- да се негира или потврди некој став во врска со името, идентитетот.
- да се исмее нечиј став во врска со името идентитетот
- да се ...

Од мое искуство, сето она што се пишува во врска со името и идентитетот, се сведува на едно- M&M&M.
Најчесто на сајбер спејсов его умот си ги проектира содржините со кои е моментално преокупиран и ништо друго.
А умот е моќна машина, премногу моќна, всушност - МОЌТА е единственото нешто што него го интересира.
Најголемиот дел од писанијава на блоговите се ништо друго освен волја за моќ, па така и ова во врска со името и идентитетот.
Навистина, ШТО МОЖЕ ДА ИЗМЕНИ ОВА ПИСАНИЕ ВО ВРСКА СО ИМЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ?
НИШТО!!!
За да нешто се сфати и измени, потребен е друг приод, друг начин, друг увид.
Многу напишав, а ништо не реков, ЗОШТО?
Таква е поентата, ако воопшто ја има, или ако воопшто...

Поздрав до сите герлци и барикадери,

By Jove.
By Jove || 27 Септември, 2008 - 22:52 | одговори

Renamed said...

Се акам по интернет простор-времето од 1996г. Тогаш имаше еден чуден IRC со некоја проста позадина, ама беше нова и интересна играчка за мене. Требаше да си смислам ново име за таму, тнр. nick. Ах колку сакав да бидам некоја друга за таму. Се што не сум во "real life". Да се претставам како сосема нова, бестрашна, силна, принципиелна, отсечна, интересна, духовита, слободна... И си измислив име...

http://blog.com.mk//node/183954